Добредојдовте

на платформата за е-учење “FinFluencers”

ВЛЕЗЕТЕ НА ПЛАТФОРМАТА

Овде може да најдете материјали, ресурси, кратки тестови, видеа и други содржини кои ќе ви помогнат да го зголемите нивото на финансиска писменост.
Низ пет модули, ќе бидете воведени во основите на финансиската писменост и зошто финансиското знаење е важно за еден млад човек, ќе стекнете знаење за тоа како функционираат финансиските услуги, понатаму ќе стекнете вештини за управување и планирање на личните финансии и ќе научите како финансиската писменост е поврзана со професионалниот живот, различните форми на работа и претприемништвото.

Целиот материјал и содржина се резултат на темелно истражување, во кое беа вклучени млади луѓе, кои ги споделија своите потреби за изучување на финансиите, како и нивните претпочитани начини и стилови на учење. Ве покануваме да се вклучите во изучувањето на финансиите не само како изолирани ученици, туку како дел од пошироката заедница на млади луѓе низ државите кои учествуваат во оваа иницијатива.
Платформата е бесплатна за користење! Пред да се регистрирате, ви препорачуваме да го погледнете видеото за тоа како оди процесот на регистрација и како се користи платформата.

Scroll to Top